Според бројни странски медиуми, Џејдон Санчо и Манчестер Јунајтед пронашле заеднички јазик.
Не е тајна дека Санчо е голема желба на Манчестер Јунајтед и дека веќе се водат преговори некое време, при што многу медиуми сега се убедени дека англискиот репрезентативец го прифатил сето она што го понудил англискиот гигант.
20-годишниот, кој исто така го бараше Челзи, ја прифати платата, бонусите и високата клаузула што му ја понуди тимот на „Олд Трафорд“ по неколкумесечни преговори.
Сега останува на Јунајтед да постигне договор со Борусија Дортмунд за висината на обештетувањето, за која се смета дека е рекордна сума за клубовите во Велика Британија.
Со оглед на тоа што Бруно Фернандеш беше купен во зимата, доаѓањето на Санчо би било нова спектакуларна вест за навивачите и со доаѓањето на младата sвезда работите може да се променат. Што се однесува до Борусија, се верува дека германците се подготвени да направат богатство од продажба на Санчо, кој исто така би можел да добие неверојатни 400.000 фунти неделно од Јунајтед.
Санчо е феноменален оваа сезона. Тој одигра 35 натпревари за Борусија и забележа 17 гола и 19 асистенции.