ФУДБАЛ

Џејдон Санчо привлече големо внимание на социјалните мрежи со својата нова тетоважа (ФОТО)

Младиот англиски фудбалер Џејдон Санчо не крие дека е голем љубител на тетоважи.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд веќе има неколку тетоважи на своето тело, пред неколку дена реши да додаде нова на десната рака.

Санчо тетовираше ликови од култната анимирана серија Симпсонови, а еден од фоторепортерите успеа да го сними на тренинзи.

Од ова е јасно дека англискиот фудбалер е очигледно голем љубител на американската анимирана серија која ги освои срцата на многу луѓе ширум светот.