Кошаркарот на Кливленд Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 30 000 поени.
На мечот со Сан Антонио му беа потребни само 7 поени да ја достигне магичната бројка што се разбира бргу ја оствари и предизвика делириум кај навивачите кои го поздравија со овации.
Покрај тоа Џејмс е првиот кошаркар кој остварил 30 000 поени, 7000 скокови и 7000 асистенции.
Рекордот го оствари со 33 години и 26 дена.
Прв на вечната листа е Карим Абдул Џабар со 38 887 поени.