ФУДБАЛ

Џек Робинсон потпиша за Шефилд Јунајтед

Шефилд Јунајтед денес ги развесели своите навивачи со најавата дека донеле ново засилување.

Овој тим вечерва игра против Манчестер Сити, а челниците на клубот ги израдуваа навивачите со најавата дека Џек Робинсон потпиша за Шефилд Јунајтед.

Робинсон првиот дел од сезоната го помина играјќи во Нотингем Форест за кој одигра 18 натпревари во Чемпионшип. Овој 26-годишен лев бек израсна во Ливерпул, а  играше за Блекпул, КПР и Хадерсфилд.

Тој потпиша договор со Шефилд до летото 2022 година, а го доби дресот со број 19.