ФУДБАЛ

Џеко: „Одличен резултат, но се уште не е готово“

Фудбалерот на Интер, Един Џеко, изјави дека тимот постигна одличен резултат против Милан во победата од два гола во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, но дека не смее да се занесе бидејќи натпреварот не е завршен.

„Чувството е многу добро, особено затоа што е дерби. Само на хартија гостувавме. Ова е одличен резултат за нас“, изјави Џеко за БТ Спорт, пренесе Скај. Интер синоќа на Сан Сиро го совлада градскиот ривал Милан со 2:0 како гостин, а головите ги постигнаа Џеко во осмата минута и Хенрих Мхитарјан во 11 минута.

„Понекогаш влегувате во тешка ситуација кога топката не сака да влезе во мрежата. Трпението и работата секогаш се исплатат. Бев смирен, знаејќи дека ќе дојдат головите, а тоа беше доказ“, рече Џеко.

“Нема да се занесуваме, бидејќи сме искусен тим. Знаеме што направивме, постигнавме одличен резултат, но се уште ништо не е готово. Во Лигата на шампионите само големите тимови стигнуваат до финалето, а во Реваншот мора да бидеме внимателни и концентрирани како на првиот натпревар“, додаде тој.

Тој беше стрелец на сите три полуфинални натпревари во Лигата на шампионите што ги одигра, а со 37 години и 54 дена синоќа стана вториот најстар стрелец во полуфиналето на тоа натпреварување, зад Рајан Гигс во 2011 година во натпревар против Шалке (37 години и 148 дена).

Реваншот се игра следниот вторник повторно на Сан Сиро, кога Интер ќе му гостува на Милан.