Напаѓачот на Рома, Един Џеко сношти вечер одигра уште еден сјаен натпревар во Лигата на шампионите.
Един во победата на Рома против ЦСКА Москва 3:0 постигна два гола и една асистенција.
Сепак, по натпреварот тој не „леташе во облаци“ туку рече дека целиот тим, вклучувајки се и самиот себе, мора да има поголема константност.
“Ова е најдоброто натпреварување за да се постигне гол. За на е тешко да кажеме било што послем ваков натпревар, бидејќи требаше да одиграме подобро пред три дена…”, рече Џеко, мислејќи на поразот на СПАЛ на домашен терен во Серија А.
“Треба да имаме повеќе константност, почнувајќи од мене”, рече Џеко.
“Оваа победа не менува ништо во групата, бидејќи ние се уште сакаме да се бориме за првото место. Сега ќе се обидеме да победиме во Москва, но нашата цел број 1 е да не изгубиме”, изјави Џеко по натпреварот.
Да се потсетиме, Џеко сега има пет гола во Лигата на Шампионите и го дели првото место на листата на стрелците заедно со Меси.