ФУДБАЛ

Џемаили побара негово заминување од Болоња

Италијанскиот клуб чека официјални понуди за швајцарскиот фудбалер со македонско потекло.

Блерим Џемаили се очекува да ја напушти Болоња во последните денови од јануарскиот преоден рок.

Челниците на италијанскиот клуб известуваат дека Џемаили побара негово заминување.

Сега, клубот од Серија А чекаат официјални понуди за репрезентативецот на Швајцарија.

„Преку неговиот менаџер, Џемаили изрази желба да го напушти клубот. И ако можеме да најдеме решение за него. Инаку, тој ќе остане тука да му помогне на тимот до летото. Чекаме официјални понуди“, рече спортскиот директор на Болоња, Рикардо Биггон.

Џемаили би можел да ја продолжи кариерата во кој било друг италијански клуб, а на крајот и да се врати во швајцарскиот фудбал.

ПОВРЗАНО

Серија А