Екипата на македонскиот репрезентативец Горан Пандев (ги одигра сите 90 минути) Џенова освои бод на гостувањето во Торино во натпревар од 19.коло од Серија А со истоимената домашна екипа. Со овој бод Џенова е во серија од три натпревари без пораз и со 18 бодови се наоѓа на 16.место на табелата.
Воедно ова беше единствениот дуел од 19.коло одигран попладнево на кој немаше голови – 0:0.
За одбележување е и првата победа на Беневентово Серија А. Оваа екипа на домашен терен го совлада Киево со 1:0 со голот на Масимо Кода во 64.минута.
Од 18 часот играат Интер – Лацио, а вечерва од 20:45 часот е дуелот Верона – Јувентус.