ФУДБАЛ

Џерард доби награда Менаџер на годината

Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, ја доби наградата за најдобар тренер на годината во Шкотска при изборот на фудбалски новинари на оваа земја.

Со Ренџерс, Џерард убедливо ја прекина доминацијата на Селтик, кој освои девет врзани шампионски титули.

Во изборот на шкотски фудбалски новинари, Џерард беше прогласен за најдобар менаџер за сезоната 2020/21.

Џерард го презеде Ренџерс во 2018 година и во првите две сезони не успеа да го симне Селтик од тронот.