Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард неодамна беше избран за нов тренер на Глазгов Ренџерс.
Џерард, исто така, доби шанса за прва сериозна тренерска работа и јасно е дека внимателно ќе се следи секој потег. Тој е многу сериозен во врска со оваа задача и се подготвува за нова сезона со шкотскиот клуб.
Има многу шпекулации за тоа кој ќе донеси Џерард во Ренџерс ова лето, и очигледно веќе организира уште едно засилување. Како што пишуваат англиски медиуми, Џерард сака да го доведе голманот на Хал, Алан Мекгрегор, чиј договор истекува ова лето.
Искусниот 36-годишен голман не продолжи соработката со Хал, а се чини дека Џерард сака што е можно поскоро да го донесе на Ренџерс. Тој, најверојатно, ќе стане второ засилување на Џерард откако Скот Арфил пристигна од Барнли.