Карло Анчелоти е новиот тренер на Реал Мадрид.
Италијанецот го предводеше Евертон минатата сезона, па тимот од Гудисон ќе бара замена.
Прва желба на Евертон е Стивен Џрард, легенда на градскиот ривал Ливерпул, кој минатата сезона имаше фуриозна сезона со Ренџерс во Шкотска, каде ги однесе до титулата, а тие играа и значајна улога во Лигата на Европа.
Прашање е колку Џерард е заинтересиран да го преземе Евертон со оглед дека тие се големи ривали на Ливерпул, а меѓу „црвените“ Џедрард е една од најголемите легенди на клубот.
Англискиот „Метро“ ја носи веста дека Џерард е најголем фаворит во моментот без оглед на се.
Покрај Џерард, фаворити за клупата на Евертон се Дејвид Мојс и Пауло Фонсека.
Евертон ќе мора да најде замена за Дон Карло што е можно поскоро, а подготовките за новата сезона треба да започнат веќе на почетокот на јули, додека новата сезона во Премиер лигата започнува кон средината на август.