Фудбалската сезона е при крај, а до крајот останува само финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Вечерва во Париз се игра големото финале на најелитното клупско натпреварување во светот, а сигурно е дека не очекуваат многу возбудувања.
Финалето ќе биде помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул кои оваа сезона блеснаа во Лигата на шампионите и сосема заслужено стигнаа до финалето, но јасно е дека на тронот на крајот може да се најде само еден тим.
Во Париз веќе пристигнаа голем број фанови од Шпанија и Англија, но и голем број познати личности кои сакаат да ја следат оваа пресметка во живо.
Во финалето на Лигата на шампионите се пласираше и Стивен Џерард кој вечерва одлучи да биде во Париз за да го бодри клубот во кој ја мина речиси целата играчка кариера.
Џерард уште пред финалето испрати порака до навивачите на Ливерпул предвидувајќи победа од 2-0. Сепак, не сите беа воодушевени што Џерард реши да замине во Париз.
A message from one of our European Cup winning captains 🏆🤩 pic.twitter.com/wUphNI1eDg
— Liverpool FC (@LFC) May 27, 2022
Имено, Џерард се најде на удар на критичарите на навивачите на Астон Вила кои ги тренира. Тие рекоа дека Џерард на овој начин покажал непочитување кон овој клуб и дека е недозволиво да оди да навива за друг клуб, без разлика каква трага оставил во тој клуб.
Некои навивачи на Астон Вила дури изјавија дека потегот е непростлив и дури побараа оставка од Џерард, но јасно е дека тоа нема да се случи.