ФУДБАЛ

Џерард: Се плашам и да погледнам во телефонот…

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард изјави дека во моментов го има целиот тим на располагање, но дека е свесен дека ситуацијата може да се промени во секој момент.

Голем број фудбалери и стручен штаб во Премиер лигата се заразени со корона вирусот, поради што викендов се одложени дури пет натпревари.

„Разговорите со Премиер лигата се во тек. Во овој момент, ние сме подготвени да играме. Секако, ситуацијата е деликатна, ги чекаме резултатите од ПЦР тестовите, досега се беше во ред“, изјави Џерард.

„Мораме да им веруваме на луѓето кои носат одлуки. Морам да го подготвам тимот најдобро што можам“.

Англиските медиуми пишуваат дека „автомобилот“ би можел да доцни.

„Сите сакаме натпреварувањето да продолжи. Има многу грижи, многу прашања. Премиер лигата закажа состанок. Постои можност и за средба на капетаните. Тестовите се прават секојдневно, ПЦР два пати неделно. Засега имам тим, сакаме да играме. Но, всушност се плашам да погледнам во мојот телефон, бидејќи секој повик може да биде од лекар, кој сака да ми каже дека ситуацијата е променета“.

Џерард исто така истакна дека примил три дози вакцина против коронавирус.

Астон Вила во сабота од 16 часот треба да игра против Барнли.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига