ФУДБАЛ

Џибрил Сисе го повика Роналдо во Марсеј

Британските медиуми пренесуваат дека за Роналдо ќе се отвори место во Марсеј.

Поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе го повикал фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо да му се приклучи на Олимпик од Марсеј, пренесува Sky Sports.

Британските медиуми пренесуваат дека за Роналдо ќе се отвори место во Марсеј, бидејќи полскиот напаѓач Аркадиуш Милик ќе го напушти францускиот клуб.

Аналитичарот на „Скај Спортс“ Џонатан Џонсон истакнува дека на Марсеј ќе му биде тешко да го доведе португалскиот фудбалер и покрај тоа што Сисе го повикува Роналдо да ја продолжи кариерата во Олимпик. Сисе (41) за Олимпик играше од 2006 до 2009 година, а за клубот од Марсеј на 78 натпревари постигна 37 гола.

Роналдо го пропушти најголемиот дел од предсезонските тренинзи на Манчестер Јунајтед, бидејќи не беше задоволен од ситуацијата во клубот од „Олд Трафорд“. Сепак, португалскиот фудбалер најави дека наскоро ќе и се обрати на јавноста и ќе демантира се што пишуваа медиумите за него.