ФУДБАЛ

Џо Харт го доживува најголемото понижување во кариерата: „Тој човек буквално ме закопа“

Говорејќи во еден подкаст, голманот на Селтик Џо Харт раскажа како Нуно Санто го отпушти на почетокот на сезоната во Тотенхем.

Џо Харт е поранешен голман на англиската репрезентација кој славата ја стекна бранејќи за Манчестер Сити од 2006 до 2018 година, иако многу пати одеше на позајмица. Подоцна потпиша за Барнли, во 2020 година за Тотенхем, за минатата година да пристигне во Селтик.

Најголемото понижување во кариерата го доживеа во Тотенхем под водство на тренерот Нуно Санто, иако Португалецот набргу потоа ги напушти Спарс.

“Знаев дека ќе ангажира друг голман и мислев дека треба да разговараме. Нуно рече дека ќе разговараме после тренинг. Тој ми рече: “Јас прв. Да бидам целосно јасен, што и да се случи, нема да браниш, слободно оди ако сакаш, започна Харт (34) сеќавајќи се на разговорот со португалскиот тренер.

Санто не застана тука, туку продолжи да го понижува поранешниот шампион во Премиер лигата.

„Ми рече дека сите стигнуваме до точка во кариерата каде телото не ни дозволува да играме фудбал и дека сме стигнале до таа точка, дека нема да бранам ниту една минута, дека топката е пребрза за мене, дека сум премногу стар за да се движам и немам сила во телото“, изјави Харт.

“Буквално тој човек ме закопа, мислев дека се шегува. Не се согласував со ништо од она што ми го кажа тогаш. По тој разговор отидов во Селтик и се вратив во топ форма”.

Харт е стандарден во Шкотска оваа сезона и има 46 настапи за Селтик, а заминувањето од Тотенхем се покажа како најдобар можен потег.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига