ФУДБАЛ

Џонс наскоро го напушта Манчестер?

Фил Џонс наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед

Џонс не блеска, а Јунајтед игра се подобро и подобро.

„Црвените ѓаволи“ се вклучија во борбата за најдобрите четири и ќе биде многу интересно кога ќе продолжи шампионатот. Се разбира, никој не го знае точниот датум.

Кога станува збор за Џонс, тој има остварено само два настапи во лигата оваа сезона, и три во Лигата на Европа.

Тој дури го нема ни на списокот на повеќето натпревари, па јасно е дека не е во сериозни планови.

Медиумите во Англија објавија продажба, при што Јунајтед бара оштета од 12 милиони фунти.

Њукасл е наведен како заинтересиран клуб.

Џонс пристигна во Јунајтед уште во 2011 година од Блекбурн.