ФУДБАЛ

Џорџо Киелини ја завршува својата кариера!

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини (36) ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната.

Според италијанските медиуми, 36-годишниот дефанзивец решил да се повлече на крајот на оваа сезона и наскоро официјално ќе ја објави својата одлука да се повлече од фудбалот.

Киелини ќе добие место во управата на Јувентус и ќе продолжи да работи во торинскиот клуб, чиј член е од 2005 година.

Овој фудбалер ја започна својата кариера во Ливроно. Тој беше член на Рома и Фиорентина, а во Јуве пристигна во 2005 година.

Тој стана вистинска легенда на клубот. Ја носеше капитенската лента и одигра 525 натпревари и постигна 36 голови.