Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа е фатен како флертува и ја поминува ноќта со сопругата на фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез.
Атрактивната Рита во петокот е фатена со Џошуа во лондонскиот ноќен клуб, при што персоналот на клубот ги откри сите детали за британскиот таблоид „The Sun“.

„Рита налета на Џошуа на излез, но тој потоа ја покани да му се придружи во ВИП салонот. Таа беше во друштво со пријателките и без дилема дојде до Џошуа. Тие цела ноќ ја минуваа флертувајќи заедно“, рече изворот, додавајќи :
„Тој немаше идеја која е таа. Тој виде само убава девојка и уживаше во нејзиното друштво. Сепак, кога сопственикот на клубот му кажа дека ова е сопруга на Ријад Марез, тој почна да се однесува чудно и малку се повлече. Тие заминаа околу 3 часот наутро. но со различни автомобили“.

Џошуа е вториот боксер со кој Рира се поврзува во последно време. Таа, наводно, го заведе шампионот на ВБЦ, Донтај Вајлдер во август.
Ријад и Рита не живеат заедно долго време, а се соочуваат и со развод, кој треба да биде финализиран наскоро.