ФУДБАЛ

Ди Франческо: Некои играчи сè уште не знаат што значи да играат за Ромa

Еднo од дербите на 10-тото коло од Серија А, вчера го одиграа Наполи и Рома (1:1).

Рома од 14. минута водеше со голот Ел Шаравин, но домашниот тим во последните минути од средбата дојде до заслужено израмнување.

Тренерот на Рома, Ди Франческо по натпреварот призна дека Наполи заслужи да освои бод и покрај фактот дека израмнувачкиот гол дојде по 90 минути.

“Да бидам искрен, Наполи заслужи бод, но не заборавајте дека ние, исто така, пропуштивме неколку шанси за водство од 2:0, па дури и во второто полувреме”, кажа, Ди Франческо, додавајќи:

“Се уште има играчи кои не знаат што значи да се игра за клуб како Рома, кои се уште се во потрага по тактичка смисла. Мислев дека добро се браневме, но за жал постигнавме само еден гол. Овој тим не е изграден да се брани длабоко и го губи својот идентитет кога ќе треба да се брани”.

Тренерот на Роман истакна и се пожали на повредите на Де Роси и Манолис, кој порано ја напуштиа играта. Ди Франческо исто така рече дека со Де Роси неговиот тим изгледаше многу подобро на теренот.

ПОВРЗАНО

Серија А