Анхел ди Марија ова лето стана слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.
Неговото име најмногу се поврзуваше со Барселона и Јувентус, а на крајот изборот падна на тимот од Торино.
Како слободен играч, Аргентинецот потпиша договор на една сезона и ќе добие седум милиони евра.
Во Пари Сен Жермен, тимот за кој настапува од 2015 година, Ди Марија го носеше дресот со број 11, истиот што го носи и во дресот на репрезентацијата на Аргентина.
Сепак, Куадрадо го носи бројот 11 во Јувентус, па Ди Марија направи изненадувачки избор во однос на бројот што ќе го носи, а Аргентинецот во своето објаснување се осврна на времето поминато во Реал Мадрид.
„Број 22. Повторно ќе го носам бројот 22 бидејќи го носев во Реал Мадрид. Се сетив малку кога ја освоив Лигата на шампионите. Знам дека и Јувентус сака да се бори за да ја освои Лигата на шампионите.
Беше достапен и многу сакав повторно да го носам бројот 22. Дресот е црно-бел, боите што ги сака мојата сопруга. Исто така, 22-ри е денот кога се роди мојата најстара ќерка. Има неколку работи кои ме наведоа да го изберам овој број“, изјави Анхел Ди Марија за официјалниот сајт на Јувентус.
Angel Di Maria signs for @juventusfcen ✍️#DiMaria #Juventus pic.twitter.com/hSHfBi6Xx1
— FootTheBall FC (@FootTheBallFC) July 9, 2022