Аргентинскиот офанзивен играч Анхел Ди Марија останува верен на ПСЖ.
Имено, како што пишуваат француските медиуми, Ди Марија денес потпиша нов договор со ПСЖ во форма на година плус година.
Актуелниот договор на аргентинскиот фудбалер истекуваше на крајот на оваа сезона, па во последните неколку дена траеа преговорите за нов, а тие беа успешно завршени денес.
Финансиските детали за договорот не се познати, а треба да се додаде дека Ди Марија е член на ПСЖ од 2015 година.
Оваа сезона тој одигра 19 натпревари во шампионатот, постигнувајќи три гола и осум асистенции.