ФУДБАЛ

Ди Марија пристигна на лекарски прегледи, се изненади кога виде дека го чекаат навивачи

Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија конечно донесе одлука да ја продолжи кариерата.

 

Ди Марија на крајот од оваа сезона по седум години го напушти ПСЖ бидејќи не доби понуда од францускиот клуб за нов договор и стана слободен играч.

Аргентинецот имаше неколку интересни понуди на маса и многу „тежеше“ каде ќе ја продолжи кариерата, но конечно донесе одлука.

 

Ди Марија одлучи дека од следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус, тој синоќа пристигна во Торино за да го официјализира своето доаѓање во редовите на Старата дама.

Искусниот Аргентинец утрово се појави пред просториите на Јувентус и пристигна на лекарски прегледи, а таму секако веќе го чекаа новинари и фоторепортери, но и навивачи на Јувентус.

Ди Марија им позираше на фотографите, а потоа се очекува да ги направи лекарските прегледи и Јувентус да го официјализира неговото доаѓање во клубот.