ФУДБАЛ

Ди Марија заминува од Јувентус, останува „горчливиот вкус“!

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија денеска потврди дека нема да го продолжи договорот со Јувентус.

„Дојдов до крајот на тежок и комплициран период. Си заминувам сигурен дека дадов се од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа ми останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.

Ди Марија одигра 40 натпреварувачки натпревари за Јувентус, постигна осум гола и забележа седум асистенции.

„Им благодарам на сите мои соиграчи за наклонетоста што ми ја покажаа од првиот ден, секогаш се чувствував како дома. Голема прегратка, Јувентус секогаш ќе го носам во срцето“, изјави Ди Марија.

Ди Марија минатото лето пристигна во Јувентус како слободен играч од Пари Сен Жермен.