Иднината на Пауло Дибала останува во сомнеж. Италијанските медиуми ја објавија веста дека Аргентинецот ќе си замине од Јувја, бидејќи италијанските шампиони не го сакаат, но се чини дека ситуацијата е поинаква.
Аргентинскиот агент Хорхе Антун ја откри вистината и ги отфрли гласините за заминување. Тој истакна дека sвездата на Јуве ќе остане со италијанскиот тим.
„Читав гласини во весниците кои се целосно лажни. Дибала е играч на Јувентус и тој е доста среќен. Ние работиме со клубот за да го обновиме договорот“, рече агентот, отфрлајќи ги гласините.