Аргентинскиот офанзивен играч на Јувентус, Пауло Дибала, во разговор за странските медиуми истакна дека секогаш му се восхитувал на Роџер Федерер.
Во еден разговор, Дибала се осврна и на своето детство и истакна дека често гледал фудбал и тенис.
“Како дете гледав телевизија нон стоп. Најчесто тоа беше фудбал, а потоа тенис. Секогаш му се восхитував на Федерер, ми се допаѓаше неговиот стил”, истакна Дибала.
Фудбалерот на Јувентус додаде дека тој всушност поради швајцарскиот тенисер го засака тенисот.
“За мене и за многу други тој е идеален тенисер. Тој има стил и грациозност, многумина сакаат да бидат како него. Се обидувам да не ги пропуштам неговите натпревари затоа што Роџер ме натера да се заљубам во тенисот”.