Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала се бореше со коронавирусот повеќе од еден месец, но на крајот излезе како победник.
Јувентус пред неколку дена потврди дека Дибала повеќе не е позитивен на коронавирусот и дека конечно се опорави. Аргентинецот беше во домашна изолација повеќе од еден месец и беше тестиран неколку пати, но дури сега успеа да се опорави целосно.
Веднаш после тоа, Дибала рече дека ќе започне со тренинзи со тимот и дека не може да чека да добие дозвола да ја напушти куќата. Тој беше во карантин скоро два месеци и никогаш не го напушти домот.
Аргентинецот се појави вчера на лекарски преглед во центарот за обука на Јувентус, кој успешно го помина, и доби дозвола од клубот да се приклучи на тренинзите.
Тој ќе започне да тренира денес, но одделно од остатокот на тимот за да се врати во форма.