ФУДБАЛ

Дибала ги реши сите дилеми околу иднината

Ако се верува на денешното пишување на италијанскиот печат, веќе нема дилема каде Пауло Дибала ќе ја продолжи кариерата.

Откако го реши долгогодишниот проблем поврзан со заработката од правата на ликот и делото на Дибала, тој се фокусираше на продолжување на договорот со Јувентус.

Аргентинецот дефинитивно ја заврши соработката со поранешниот менаџер Триуличи и сега неговиот претставник Хорхе Антун започна преговори со Старата дама.

Разговорите ќе продолжат во наредните денови, а продолжувањето на соработката се очекува да биде официјализирано во февруари.

Инаку, сегашниот договор на Дибала со Јувентус истекува во 2022 година. Одличниот офанзивен играч во моментов е повреден и наскоро треба да се врати на теренот.