ФУДБАЛ

Дибала игра очајно, но за Јувентус тоа не е проблем

Пауло Дибала игра многу лошо на стартот од новата сезона.

Постојат бројни критики за играта на аргентинскиот фудбалер, но очигледно тоа не влијае на неговиот статус во тимот и наскоро ќе му биде понуден нов договор.

„Ла Стампа“ тврди дека раководството на Јувентус закажа состанок со Дибала и агентот Хорхе Антун. Ќе се разговара за нов договор и Јувентус е заинтересиран да ја продолжи соработката со него.

„Старата дама“ е подготвена да му понуди на Дибала нов договор со иста плата (7,3 милиони евра по сезона). Сепак, фудбалерот сака повеќе пари и засега тоа е она што ги дели двете страни и за тоа ќе се зборува најмногу на состанокот.

Дибала стана член на Јувентус во 2015 година. Тој пристигна од Палермо и одигра 236 натпревари за клубот и има запис од 96 голови и 38 асистенции.

Тековниот договор го обврзува Дибала до летото 2022 година.