Пред една година се чинеше дека никој не го сакаше во Јувентус и долго време се шпекулираше како едно од имињата што може да го напушти Торино, но Дибала остана и во текот на оваа сезона тој убеди повеќе од кога и да било, дека тој го заслужува црно-белиот дрес.
Во интервју за италијанските медиуми, аргентинскиот напаѓач откри дека минатата година тој бил подготвен да си замине и дека има понуди од разни италијански и европски клубови, но призна дека Сари имал важна улога во враќање на формата.
„Минатото лето во Јувентус тие не сакаа повеќе да ми веруваат, затоа што дојдов по тешка сезона и тие ми ставија до знаење дека сакаат да ме продадат. Понудите не изостанаа, од бројни клубови како ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но јас на сите им ставив до знаење дека мојата желба е да останам во Торино. Тогаш пазарот беше затворен и работев напорно со Сари за да ја пронајдам најдобрата форма “, изјави Аргентинецот.
До моментот на прекинување на фудбалот поради пандемијата, Дибала беше активиран на 36 натпревари и успеа да постигне 13 голови, додека сега во Јувентус го гледаат како многу важен играч и се подготвени да го обноват неговиот договор.
„Имам уште една година и пол од договорот со Јувентус, но досега немам добиено никаква понуда за обнова на соработката. Се чувствувам прилично добро овде и опкружен е со некои луѓе кои ме сакаат и ме почитуваат, затоа би бил среќен да останам. Можеби сè е стопирано поради пандемијата, но сигурен сум дека ќе дојде понудата за обновување на договорот “, рече Дибала.