ФУДБАЛ

Дибала објави слика со Роналдо и случајно ги откри тајните на Алегри од соблекувалната

Играчите на Јувентус вчера го совладаа Емполи со 2:1, а овој натпревар Пауло Дибала сигурно долго ќе го памети.

На загревањто се повреди Џорџо Киелини и не може да настапи на овој натпревар, а капетенската лента на крајот отиде кај Дибала. По натпреварот аргентинскиот напаѓач беше изненаден што за прв пат како капитен го предводеше Јуве, тој рече дека овој натпревар никогаш нема да го заборави.

Но, покрај се, тој исто така објави фотографија од соблекувалната со Кристијано Роналдо, а тој дури не се ни сомневаше дека ќе ги открие тајните на тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри. Италијанските медиуми веднаш забележаа дека зад Роналдо се наоѓа некој лист, на кој пишува што треба да прават играчите на Јувентус, на корна односно на слободните удари.

Исто така, покрај офанзивните задачи, тука се и дефанзивните кога Емполи има прекин. Точно пишува кој играч на Еполи мора да биде посебно маркиран кога противникот има шанса да постигне гол.