Пауло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
Тоа е веќе сигурно, а Дибала долго време се поврзува со голем број клубови.
Меѓу другото, постои можност кариерата да ја продолжи во Англија, но и да остане во Италија.
По Интер, за Дибала е заинтересирана и Рома.
Доколку Никола Заниоло биде продаден на лето, Жозе Мурињо го гледа Дибала како прва опција во форма на негова замена.
“Најважната промена е тоа што Јувентус не го продолжи договорот со Дибала. Никој никогаш не ја доведе во прашање способноста на Дибала, но мораше да се земат предвид сите други параметри и финансиски прашања. Решивме да не ја продолжиме соработката во јануари. Ќе биде лесно за Јувентус да даде ниска понуда, но тоа не би било фер кон играчот“, изјави неодамна извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене.
Дибала оваа сезона постигна 13 гола и имаше шест асистенции на 33 настапи во сите натпреварувања. Важи за еден од клучните играчи на Старата дама, но сега е јасно дека си заминува.
Интересно, Дибала веќе неколку сезони е повреден, обично напролет кога се играат нокаут натпреварите од Лигата на шампионите, а во клучните моменти од сезоната го нема, па не е чудно зошто Јувентус не сака да му даде толку пари.
На 281 натпревар за Јувентус, тој постигна 112 гола и освои 12 трофеи, вклучувајќи и пет Скудета.