Дибала сонува повторно да игра со Погба
Покажувајќи ја колекцијата на дресови за време на неговата кариера, за UEFA.com, Пауло Дибала покажа една од најсебните за него, размена на дресот со Пол Погба по мечот на Јувентус со Манчестер Јунајтед.
Тој секогаш го ценеше Погба и се надева дека еден ден повторно ќе играат заедно.
„Не можев да го игнорирам дресот како овој, се разбира. Тој е од Манчестер, мојот пријател го носеше, Пол Погба кого многу го почитувам како личност, па дури и повеќе од фудбалер “, рече Дибала.
„Имав шанса да споделам многу убави работи со него и се надевам дека ќе можеме да ги повториме еден ден“.