Пауло Дибала и дефинитивно ќе го напушти Јувентус ова лето.
Многумина сметаат дека Јувентус направи голема грешка со ослободувањето на Аргентинецот, а сега за него проговори и тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри.
“Дибала во еден момент мислеше дека е Меси. Почна сериозно да го копира, за да го достигне своето ниво. Не можете да копирате некого. Мора да го изградите вашиот идентитет. Пауло има многу да му даде на фудбалот, тој има исклучителни технички квалитети, но мора да се врати на себе и да се фокусира на себе“, изјави Алегри.
Минатата сезона беше втора во серија која Јувентус ја заврши на четвртото место во Серија А, а прва по долга серија години во која не беше освоен ниту еден трофеј.
„Милан, Интер и Наполи завршија пред нас, но не беа супериорни. Ни недостигаше карактер во некои моменти. Си поставив предизвик кога се вратив, а тоа е да им се вратам на победите дома, но и во Европа“, рече Алегри.
Инаку, што се однесува до Дибала, клубот со кој најмногу се поврзува е Интер и нема да биде изненадување ако следната сезона го гледаме во дресот на поранешниот италијански шампион.