„Се разбира дека сме среќни по една ваква победа, но сме многу уморни. Потрошивме многу енергија, па затоа денес мораме да се одмориме и да ги наполниме батериите за Веспрем. Свесни сме дека Веспрем е голем фаворит, но наше е на каков било начин да покажеме дека можеме и во Скопје да се вратиме со трофејот. Одиме чекор по чекор, во иднина сакаме Вардар да биде она што треба да биде“, рече Русинот.