РАКОМЕТ

Дибиров: Не можам да сфатам дека ќе дозволат да исчезне Вардар

Ситуацијата во РК Вардар не е баш најдобра. Европскиот шампион минува низ тешки времиња, а тоа го потврди и Тимур Дибиров во интервју за „balkan-handball.com“.

Во интервјуто Тимур истакна дека клубот е во толку лоша состојба што не верува дека некој ќе остане да игра за Вардар

„Тешко е да се зборува за останување во Вардар. Никој од нас не знае дали клубот ќе постои. Гледаме опции и понуди од други клубови, и јас и другите играчи. Не е онака како што сакаме, туку како што мора да биде. Докажавме дека парите не играат кога станува збор за нас, туку огромна желба што ја имавме и односот со клубот. Тоа го покажувавме со години“, рече Дибиров.

Во интервјуто, Дибиров исто така зборуваше е и за манифезтацијата „Златна Бубамара“ каде беше присутен како дел од Вардар и истакна дека не разбира како некои луѓе можат да дозволат клубот да исчезне.

„Вчера бев на „Бубамара“. И вашите колеги во ТВ Арена Спорт излегоа со нас. Двапати таа вечер, 8000 луѓе беа на нозе и аплаудираа. За македонски филм кој беше номиниран за Оскар и кога ние излеговме на сцената. Може да се види колку луѓето го сакаат Вардар и го почитуваат она што го направивме и затоа не можам повеќе да верувам дека сме ставени во таква ситуација. Овој клуб може без Штербик, Циндриќ, Карачиќ, Стоилов и Дибирово, овој клуб може без било кој од нас. Може  без сите, но мора да постои! Постои 60,70 години, не можам да разберам како го оставаат да исчезне“, истакна Дибиров.

ПОВРЗАНО

Вардар