ФУДБАЛ

Дидие Дешамп објасни зошто на Мбапе му дал само 26 минути игра против Грција

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп објасни зошто му дал само 26 минути минутажа на големата ѕвезда на тимот – Килијан Мбапе и го отстрани од стартните единаесет на мечот со Грција.

„Петлите“ ремизираа 2-2 со нашите јужни соседи во последниот квалификациски натпревар за ЕП 2024. Напаѓачот на ПСЖ влезе во игра во 64. минута и асистираше за голот на Јусеф Фофана.

„Разговаравме за темата „Килијан“ со играчите. Со него и со сите други. Правам се што можам за да ги заштитам играчите кои излегоа на теренот во петокот.

И следната недела е Лигата на шампионите. Не можете да ризикувате затоа што веќе има повредени “, изјави Дешам на прес-конференцијата по мечот.