ФУДБАЛ

Диего Годин потпиша за Каљари

Искусниот уругвајски дефанзивец Диего Годин го напушти Интер по само една сезона.

Годин пристигна во Интер минатото лето како слободен агент од Атлетико Мадрид, но по само една сезона реши да ги спакува куферите.

Уругваецот ќе остане во Серија А и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Каљари со кој денес официјално потпиша договор.

Годин потпиша договор со клубот од Сардинија до летото 2023 година, а треба да дебитира уште во текот на викендот против Лацио.

ПОВРЗАНО

Серија А