ФУДБАЛ

Диего Коста брзо најде нов клуб

Диего Коста реши да го напушти Атлетико Минеиро по само пет месеци.

33-годишниот напаѓач летово се врати во Бразил откако на почетокот на минатата година постигна договорен прекин на соработката со Атлетико Мадрид.

Се чинеше дека Коста конечно може да се врати во форма, а имаше и неколку многу добри настапи во дресот на Атлетико Минеиро, но потоа ги шокираше сите со одлуката да го напушти овој клуб.

Коста побара раскинување на соработката, која ја постигнаа челниците на овој клуб, а пред десетина дена беше потврдено дека повеќе не е играч на Атлетико Минеиро.

Диего Коста го напушти овој клуб по само пет месеци и 19 натпревари, а претходните денови се поврзуваше со негово враќање во Европа. Наводно за него интерес покажал Арсенал, но од Лондон немало конкретни понуди.

Угледниот новинар Фабрицио Романо утринава објави дека Диего Коста најверојатно ќе остане во Бразил бидејќи преговара со тимот на Коринтијанс.

Се очекува овој договор да се официјализира во наредните часови, а Коста и Коринтијанс веќе постигнаа устен договор и останува да се договорат уште некои ситни детали.