ФУДБАЛ

Диего Коста доби казна шест месеци затвор поради затајување на данок

Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста доби казна од шест месеци затвор поради затајување данок, но благодарение на договорот со шпанското обвинителство, напаѓачот на Атлетико Мадрид, нема да оди во затвор, но ќе плати казна од 543,000 евра.

Шестмесечната затворска казна е сменета за парична казна од 36.000 евра, на која доаѓа уште една казна од 507.208 евра, поради затајување данок од повеќе од милион евра.

Тој веќе плати 1,14 милиони евра во август, со што го отплати даночниот долг со камата, што го олесни и договорот со шпанските обвинители.

Кошта беше обвинет дека не успеал да поднесе данок од 1,1 милиони евра за тој трансфер вреден 38 милиони евра во својата даночна пријава за 2014 година, кога потпиша договор со англискиот премиерлигаш Челси.