ФУДБАЛ

Диего Коста е одличен човек: Тој го покажа тоа со овој потег (ВИДЕО)

Диего Коста го постигна изедначувачкиот гол за Атлетико Мадрид на „Сан Мамес“ против Атлетик Билбао.

Две минути откако домашната екипа го донесе водството со 1:0 (37 ’) преку Икер Мунаин, Диего Коста погоди за 1:1 по убавата акција на Коке.

Сепак, неговото славење на голот привлече внимание. Коста отиде до клупата и го зеде дресот со број 14, што го носи Вирџинија Торечилја во женскиот клуб на Атлетико.

Таа направи операција на тумур во мозокот во мај и на овој начин Коста одлучи да ја покаже својата почит кон борбата што ја води.