Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста се најде во голема неволја.
Шпанската даночна администрација побара шест месеци затворска казна за него, според извештајот на весникот „АС“.
Напаѓачот е обвинет за оштетување на државата Шпанија во износ од еден милион евра во однос на неговите права на слики, со користење на трети лица за да избегне плаќање на такси.
Овој случај трае веќе една година, а се однесува на договорот меѓу Атлетико и Челзи, кога лондонскиот клуб го купи Бразилецот со шпански пасош во 2014 година.
Коста со години се соочува со голем број проблеми поради настаните на теренот, а сега се наоѓа во слични даночни проблеми како sвездите Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Некои дури мислат дека Роналдо го напушти Реал заради тоа.
Иако се бара затворска казна во случајот „Коста“, треба да се каже дека ваквите случаи инаку завршуваат со условна казна или парична казна.
Мора да чекаме на одговорот на Коста и неговиот адвокат.