Легендарниот Диего Марадона остави огромен долг зад себе.
Според аргентинските медиуми, Диего со години избегнувал да плаќа данок во Италија, додека тој беше играч на Наполи, а бројката растеше од година во година.
На крајот достигна неверојатни 26 милиони евра, а адвокатите успеаја да ги намалат дури и малку затоа што тој должеше 11 милиони повеќе.
“Марадона го игнорираше фактот дека должи пари за данок. Сепак, неговата смрт не ги поништи долговите и тие им беа пренесени на неговите наследници”, тврди весникот Инфобае.
Диего зад себе остави милиони во недвижнини, накит, скапи автомобили. Наследниците водат голема војна за тоа, но сега наидоа на проблеми.
Ќе видиме дали навистина ќе бидат принудени да ја плаќаат оваа бројка што нивниот татко ја игнорираше со години.