ФУДБАЛ

Дијаз: Вечно ќе му бидам благодарен на Лопетеги

Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, се опрости од Јулиен Лопетеги, кој предвреме го напушти Кралскиот клуб.

Според зборовите на напаѓачот на Доминиканската република, Лопетеги бил најзаслужен човек што добил втора шанса во Реал Мадрид и тој никогаш нема да го заборави тоа.

“Секогаш ќе му бидам благодарен на Лопетеги бидејќи тој е еден од оние што ми дозволија да се вратам во Реал Мадрид, заслужува да биде тука”, рече Дијаз, додавајќи:

“Му посакувам се најдоброто во иднина. Сега е на нас да се бориме повеќе од кога и да било за да излеземе од оваа непријатна ситуација”.

Маријано Дијаз минатата сезона мина во Лион, но Реал и понатаму имаше 35% на негово право. Летото на „Бернабеу“ одлучиа да го вратат 25-годишниот Дијаз во клубот, за 23 милиони евра, па дури и одлучиа да му ја дадат „седумката“ на Кристијано Роналдо.