Загребски Динамо ја одреди цената за Мислав Оршиќ.
Одличниот 28-годишен фудбалер привлече големо внимание од странство, особено откако го удави Тотенхем во Лигата на Европа со три гола.
Динамо е подготвен да ја продаде yвездата на тимот. Хрватските медиуми тврдат дека цената е веќе одредена и дека „сините“ за тоа бараат од 12 до 15 милиони евра.
Меѓу заинтересираните екипи, наводно е Арсенал, а неколку италијански клубови покажуваат голем интерес за Оршиќ.
Оршиќ оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна 19 голови со осум асистенции.