Златан Ибрахимовиќ во изминатиот период, поради коронавирусот, времето го поминуваше во роднатата Шведска. За да остане во форма, тренираше со шведскиот тим Хамарби, а дури и одигра пријателски меч.
Сега, Ибра се врати во Италија, а спортскиот директор на Хамарби, Јансон, клуб во кој 25 отсто од акциите се во сопственост на Златан, вели дека можеби еден ден напаѓачот навистина ќе заигра за нив.
-Беше многу позитивно. Посебно во овие тешки моменти. Како за мене, така и за клубот. Бевме во центарот на вниманието и имаше голем интерес од медиумите. Беше тоа позитивно за целата лига, тоа што тој е тука., вели Јансен.
Иако Ибра неколку пати изјавуваше дека речиси и да нема шанси повторно да заигра во шведската лига, сепак спорткиот директор не губи надеж.
-Постои шанса, навистина верувам во тоа. Меѓутоа, само тој точно знае. Нема ништо да каже додека 100 отсто не биде сигурен, вели Јансон.