До 2025 година Србија ќе добие елитен стадион на кој ќе може да се играат финалињата на натпреварувањата на УЕФА.
Во Србија се градат неколку стадиони, а до крајот на месецот ќе започне изградбата на најважниот проект од осамостојувањето на земјата.
„Во моментов се градат стадиони во Заечар, Лесковац и Лозница, проектирањето на другите пет во Србија е завршено, а изградбата на Националниот стадион ќе започне во јануари“, изјави министерот за спорт Вања Удовичиќ.
Националниот стадион ќе има капацитет од 60.000 седишта, а неговата изградба ќе чини 250 милиони евра.
Планот е стадионот да биде повеќенаменски, бидејќи освен за одигрување натпревари, ќе се користи и за концерти и други настани.
На стадионот кој ќе се наоѓа во Сурчин, покрај фудбалската репрезентација на Србија, право да играат натпревари ќе имаат и клубовите чиј стадион не ги исполнува условите на УЕФА за меѓународни натпревари.