Фудбалерот на Бока Јуниорс, Маркос Рохо кој на почетокот на годинава беше суспендиран поради удирање на човек од обезбедувањето, овој пат беше многу порасположен. Маркос Рохо е познат по своето ексцентрично однесување, а од него не се откажа ниту кога се оддалечи од Европа и настапуваза јужноамериканскиот великан. Неговиот клуб со победата над Тигре го освои Купот на Аргентина, а во финалето беше 3-0.
Токму Рохо го постигна водечкиот гол за Бока во судиското продолжение на првото полувреме, а во вториот дел работата ја завршија Фабра и Васкез.
На крајот од мечот фудбалерите на Бока се опуштија славејќи го освојувањето на трофејот, а Рохо седна на средината на теренот, запали цигара и отвори лименка пиво.
Фотографиите и видеата од стадионот Марио Алберто Кемпес го обиколуваат светот и станаа вирални на интернет.
Just Rojo things… https://t.co/X6fjhb3lFa
— Ste Howson (@MrStephenHowson) May 23, 2022