Четири германски екипи кои оваа сезона учествуваа во Лигата на шампионие одлучиле да им помогнат на останатите клубови од Бундеслигата.
Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен ќе им дадат 20 милиони евра на останатите екипи од Бундеслигата. Парите ги обезбедиле на тој начин што овие четири екипи се откажале од приходите од ТВ правата за нивните мечеви.
Последниот меч во Бундеслигата е одигран на 11 март.