ФУДБАЛ

Доби отказ во Барселона, беше на одмор повеќе од две години и сега конечно се врати

Шпанскиот стручњак Ернесо Валверде реши да се врати на тренерската работа по пауза од повеќе од две години.

Валверде беше отпуштен од клупата на Барселона на почетокот на 2020 година, откако беше тренер на каталонскиот клуб повеќе од три години.

58-годишниот стручњак после тоа имал многу понуди да ја продолжи кариерата, но секоја од нив ја одбил и рекол дека целта му е добро да се одмори и да се врати во светот на фудбалот дури кога ќе ги наполни батериите.

Валверде не криеше колку е исцрпен од работата во Барселона и дека таа беше многу стресна, а најдобар доказ е фактот што беше на одмор повеќе од две години.

Сепак, се чини дека Валверде конечно ги наполни батериите бидејќи реши да се врати и од новата сезона ќе го води тимот на Атлетик Билбао.

Билбао утрово потврди дека Валверде се согласил да се врати во овој клуб, па вечерва ќе потпише договор и официјално ќе биде претставен на Сан Мамеш.

Валверде се враќа дома бидејќи тренерската кариера ја започна во овој клуб. Билбао водеше во два наврати, а клубот го напушти во 2017 година кога пристигна понудата на Барселона, која тогаш едноставно не можеше да ја одбие.