Пред неколку недели, во медиумите се појавија вести дека претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис имал позитивен тест за КОВИД-19. Гркот овие две недели е во карантин, а добрата вест дојде денес.
Маринакис го победи страшниот вирус и неодамнешниот тест веќе се покажа негативен и е целосно здрав. 52-годишниот е добро познат во светот на фудбалот бидејќи е исто така сопственик на Англичаните во Нотингем Форест.
Добра вест и за Грција и за Англија, и за целиот свет на фудбалот.